За компанијата

Компанијата ДИЈАМАНТ 93 се занимава со трговија на големо со:

Производи за домаќинство

Производи за одржување на хигена

Програми за купатила, сушари, даски за пеглање итн.

Краток историјат

Компанија Дијамант 93 дооел е основана 1993 година и се занимава со продажба на производи за хигиена и прибор за домаќинство. Дијамант 93 почна да работи како мала, семејна фирма, но како резултат на нашето 24 годишно успешно работење и перманентниот раст, денес компанијата се вбројува меѓу големите фирми во Македонија.

Задоволни Клиенти

Сите вработени во ДИЈАМАНТ 93, заедно со раководниот тим се максимално посветени на реализирање на барањата, желбите и потребите на потрошувачите и преку грижливо планирање и прегледување на секој детал, се обидуваме од година во година да бидеме подобри и подобри, но и поблиску до потрошувачите. Нашата основна цел е да имаме задоволни клиенти и со нив да воспоставиме успешна долгорочна соработка.